Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека денеска има повторно дојави за бомби во неколку училишта во Скопје и во Куманово, како и дека се очекува наскоро да биде решен случајот со електронска дојава за бомба во Кавадарци. И покрај дојавите за бомби, Спасовски потенцира дека во моментов немаме какви било индиции за нарушување на безбедносната состојба.
-Околу денешните најави, имаме повторно добиено електронска пошта во неколку училишта и во Скопје и во Куманово. И тоа е стандардната процедура која што е предвидена практично и со упатството и протоколот во однос на ваквите околности кои што за да можеме да извршиме антитерористичка проверка на сите овие објекти. Има постојано штаб којшто работи на оваа проблематика и веднаш не само Одделот за дигитална форензика, туку и сите меѓународни партнери се известуваат во однос на сите овие дојави коишто ги имаме – ги споделуваме информациите и податоците коишто ги имаме со цел за да добиеме помош ако, еве во конкретниот случај што беше со Швајцарија, имавме и САД, имавме Хрватска итн, изјави на прес-конференција во Владата министерот Спасовски.