Спасовски не сака да даде лично мислење за предлогот на Заев за кратење на платите: Ќе ги разгледаме на Влада

by fokus

Техничкиот премиер Оливер Спасовски во вечерашното гостување на ТВ 24 не сакаше да даде свое лично мислење за партискиот предлог на СДСМ, кој го промовираше Зоран Заев, а се однесува на линеарно кратење на платите на јавниот сектор.

-Нашиот врвен приоритет да го зачуваме здравјето и животот на граѓаните. Исто така е важно да се помогне во делот на економијата, за да преживее. Единството е многу важно во оваа битка и сите заедно потоа да продолжиме со животот. Во овие услови секој од нас мора да биде солидарен. Нема држава во светот во која државата ќе даде се, а економијата или компаниите нема да дадат ништо. Денеска не разговараме на Влада за економските мерки. Ги имаме во предвид сите предлози кои доаѓаат. Ќе ги раззгледаме со внимание и очекувам дека во наредните денови ќе се носат мерките.
Има многу добри и применливи мерки во оние кои ги промовираше претседателот на СДСМ, Заев. Ќе ги разговараме и тие кога ќе се носат одлуките. За кратење на платите, јас прво сакам да ги дебатираме мерките на влада, не би сакал да преудицирам со лично мислење. Како тим, како влада ќе настапиме со мерки, вели Спасовски.

 

Поврзани новости