577
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа прес-конференција за граѓанскиот буџет на МВР за 2022 година.
Спасовски порача дека буџетот на МВР за 2022 година е 10,4 милијарди денари. Тој е испланиран за сите потреби на полицијата, додаде првиот човек на ова министерство.
Иако повеќе медиуми кои се вклучија, имаа подготвено прашања во врска со трагичната несреќа која се случи во вторникот во Бугарија, во која загинаа 45 лица, сепак, министерот Спасовски не одговараше на истите.
Тој потенцираше дека за таа тема ќе има посебна прес-конференција, и медиумите за истата ќе бидат известени во текот на денот.