Спасовски: Не може да има поединец да е посилен од државата, законот и граѓаните

by Fokus

Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на прашањето за неодамнешната акција на МВР со Јавното обвителство за гонење на организиран криминал и корупција по која беа поднесени 15 кривични пријави за физички и три за правни лица, рече дека оваа обемна и специфична истрага е насочена кон остварување на целта на Министерството за внатрешни работи – за неселективна борба против криминалот и корупцијата.

„Во ниту еден момент, не може да има поединец којшто е посилен од државата, законот и граѓаните“, рече Спасовски.

Тој ова го изјави во гостување на ТВ „Алсат“

„Се работи за три кривични дела – злосторничко здружување, даночно затајаување и перење пари и други приноси од кривични дела. Ова било сторено од организирана група која ги злоупотребува инструментите и преку фиктивно фактурирање од една на друга фирма фиктивно побарувале данок на додадена вредност кој го враќа државата. Штетата на буџетот е околу 837.000 евра, пари на граѓаните и голема беше мотивираноста на полициските службеници заедно со Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да се реализира и расчисти со овој случај“, рече Спасовски.

Според него со тоа МВР и Обвинителството упатиле јасна порака дека без разлика дали се вработени во институции, бизнисмени,  или којк било – не може да си поигруваат со државата и граѓаните.

„Во ниту еден момент, не може да има поединец којшто е посилен од државата, законот и граѓаните“, рече Спасовски.

Поврзани новости