Спасовски не ја слушнал најновата „бомба“ на Мицкоски и Кичеец, но порача дека институциите треба да постапуваат

by fokus

Техничкиот премиер Оливер Спасовски не ја слушнал најновата „бомба“ која денеска беше објавена на Јутуб каналот „Рекет“ како извадок од разговор меѓу Христијан Мицкоски и Зоран Милески-Кичеец, но порача дека за секоја таква објава треба да има постапување од институциите без оглед за кого се работи.

„Секоја состојба којашто има какви било индиции, има институции, има обвинителство, нека покренат постапки, нека ги повикуваат на разговори. Гледам, секој ден имаме докази. И денес слушнав за некоја од тие ’бомби‘ за финансирање кампањи за опозициски политички партии. Мора да има постапување, без разлика за кого тоа се однесува“, рече Спасовски.

Поврзани новости