101
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска не даде конкретен одговор дали планира да се кандидира на претстојните претседателски избори.
-Тоа е партиско прашање, а денеска сме овде во рамки на МВР. На партиски прашања, не можам да одговорам. Ќе одговораме кога ќе дојде моментот – рече Спасовски, одговорајќи на новинарско прашање по посетата на полицискиот центар „Ѓорче Петров“, каде што оствари работна средба со раководствата на Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје.