Спасовски: Намерата не ни е да казнуваме, туку да укажуваме и мерките да се почитуваат

by fokus

Клучно во наредниот период ќе биде поголема активност, поголема видливост на полицијата, поголема видливост на редарските служби, во банките, во маркетите, во поштенските единици, сите да ги почитуваме мерките, тоа е за доброто, намерата не е да се казнува воопшто, намерата е да се опоменува, да се укажува на граѓаните, наведува на неговиот фејсбук-профил  премиерот Оливер Спасовски.

Тој, во однос на мерките преземени за пандемијата од Ковид-19, посочи дека е задоволен што нашите стручни луѓе, епидемиолози, Комисијата за заразни болести, многу навремено реагираат во насока на давање на предлози до Владата.

–  Горд сум што целата Влада преземавме многу рано, ако гледаме споредбено со државите од регионот, превентивни мерки што ќе помогнат во справувањето со коронавирусот, истакнува Спасовски.

Поврзани новости