Спасовски: Најдобрите студенти на Факултетот за безбедност ќе бидат дел од МВР

by Fokus

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски присуствуваше  на првиот академски час на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Свети Климент Охридски“ .

Тој пред студентите рече дека овој факултет со несмален интензитет  повторно го потврдува она што низ годините го создаваше и надградуваше, а тоа е своето научно-стручно портфолио и  стожер на науката за безбедноста во образовниот систем на нашата земја.

„Стожер кој низ својот континуитет од основањето во 1977 до денеска може да биде горд на бројка од над 3600 дипломирани студенти во прв циклус,  140 магистри на науки и дури 43 доктори на науки од областа на безбедноста, кој макотрпно продолжува да го гради својот научен кредибилитет од четири и пол децении постоење “, потенцираше Спасовски.

Тој додаде дека во завршна фаза е заедничката иницијатива на Факултетот и МВР за креирање правна рамка со која секоја година најдобрите 10 студенти кои завршуваат на овој факултет автоматски ќе можат да станат дел од Министерството.

 

Поврзани новости