526
Граничната полиција минатата година имала зголемена откривачка активност при спречување на обидите за илегални преминувања на државната граница од 31,2 отсто, соопшти министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Тој вечерва заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Сашо Тасевски и шефот на кабинет, Митко Бојмацалиев беа во Демир Капија во работна средба со полициските службеници од пунктот за борба со илегалната миграција и криумчарење мигранти во кој работат и делуваат полициски службеници од повеќе организациски единици во склоп на оперативната акција „Рефлекс“.
„На границите со соседните земји спречени се 27.391 обиди за илегални преминувања“, рече Спасовски.