Спасовски на средба со Ивона Талевска, разговарале за нападите врз новинари

by fokus

Сите напади врз новинари кои се случиле по 1 јуни 2017 година се расчистени од страна на Министерството за внатрешни работи. Полицијата презема низа активности за подобрување на соработката со организациите на новинарите.

Ова вчера го истакнал министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на средбата со претседателката на Македонската асоцијација на новинари, Ивона Талевска, на која се разговарало за случаите со нападите врз новинарите во последните пет години, говорот на омраза и повици за насилство врз новинарите,  како и мерките кои ги презема МВР за зголемување на безбедноста на новинарите при известување од јавни собири.

Како што соопштија од МВР, Спасовски информирал дека веќе се имплементираат проекти во соработка со ОБСЕ и Здружението на новинарите на Македонија за зголемување на безбедноста на новинарите и нагласил дека соработката со Македонската асоцијација на новинари дополнително ќе придонесе за тоа.

Поврзани новости