Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска гостуваше во централните вести на Канал 5 телевизија. Интервјуто, како и со Зоран Заев, го водеше главната уредничка на телевизијата, Лидија Богатинова.
Откако таа во неколку наврати инсистираше министерот да одговори зошто не ги враќа на старите позиции разрешените кадри во МВР, иако тој неколку пати и објасни дека решението на Управниот суд не се однесува на тоа.
-Повторно манипулирате, ви ги кажувам фактите, ако сте ги виделе решенијата ќе знаевте дека Управниот суд не ги укина решенијата и не ја врати состојбата како пред Нова Година. Не го толкувајте решението, земете прочитајте го, разбирам дека имате задача вие да спинувате, како што впрочем во последните месец дена имате 7.748 секунди позитивни вести вест за ВМРО-ДПМНЕ и 4.633 негативни вести за СДСМ. Затоа ви кажувам информациите да ги проверувате и такви да ги презентирате, одговори Спасовски.
Тој рече дека ваквото манипулирање со јавноста од страна на телевизиите е уште еден факт зошто мора да има реформи во медиумите.