Спасовски на Денот на рударите: Пробиштип стана препознатлива како општина која е многу понапред од другите општини

by fokus

Денеска  министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски се обрати на Свечена седница по повод одбележувањето на традиционалната манифестација чествувањето на Денот на рударите 28 август, датум на кој што воедно се одбележува и 68.Годишнината од постоењето на општината Пробиштип.

-Секогаш е задоволство да се биде гостин во Општина која ниже успеси, којашто се развива низ проекти кои се од интерес за граѓаните и која од година во година може да покаже дека е понапред од претходната година. Слободно можам да кажам дека Пробиштип стана препознатлива како општина која е многу понапред од другите општини, не само во регионот туку и пошироко, и сметам дека е една од општините која интересот на граѓаните го става пред се’ и затоа секојдневно се борат за проекти за финансирање на активности и се’ она што е потребно за развој на градот, за зголемување на квалитетот на живот. Едноставно локална самоуправа која се бори за секој еден граѓанин, истакна министерот Спасовски во своето обраќање.

Притоа, тој ја потенцираше добрата соработка на локалната самоуправа со рударите.

Поврзани новости