354
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска потврди дека поранешниот премиер Никола Груевски поднел барање за 20 телохранители.
Министерот рече дека барањето е процесуирано во Бирото за јавна безбедност и Управата за безбедност и контраразузнавање.
-Ние ќе добиеме стручни информации во однос на ова барање, па врз основа на тоа ќе го дадеме одговорот. Ова барање Груевски го образложува со зачестените закани по неговиот живот, рече Спасовски.
Тој додаде дека поранешните функционери во МВР, директорите на УБК и БЈБ, Сашо Мијалков и Митко Чавков имаат полициско обезбедување од четири, односно шест лица.