76
СДСМ го оддржа 28 Конгрес на кој беа донесени низа одлуки и беше претставена Изборната програма, а поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски се заблагодари за дадената поддршка да настапи во ИЕ2.
„Благодарност до граѓаните за поддршката и до претседателот Ковачевски за укажаната доверба да ја предводам победата во Изборна единица 2, заедно со другарот Фатмир Битиќи како носители на листата за пратеници.
Заедно да ја оствариме визијата за европска Македонија! Нема откажување од иднината!“, сподели Спасовски.