Спасовски: МВР нема пари за нововработените на Чавков

by fokus

Министерот Оливер Спасовски на денешната посета на Секторот за внатрешни работи во Скопје, рече дека нема пари во буџетот за плати за нововработените во МВР, кои добија решение пред заминувањето на Митко Чавков од министерската функција.

Министерот вели иако ги преземал сите законски надлежности меѓу кои и суспензија на некои осомничени вработени, сепак тие повторно се појавиле на работа откако им истекле роковите според законот за дисциплинска постапка.

Од Министерството за финансии пак кратко информираа дека за сите вработени во институциите обезбедени се плати со буџетот за 2017 – та.

Инаку, според информациите на МВР пред доаѓањето на функцијата на Спасовски, поркај новите 125 вработувања имало и над 1200 преместувања на полициски службеници во земјава.

На денешната посета во СВР министерот Спасовски констатираше дека состојбата за сега е мирна, но истакна дека непопходна е системска реформа во овој сектор.

Поврзани новости