386
Македонското општество има капацитет да спроведе фер и демократски избори, а МВР ќе го даде целиот свој придонес за граѓаните без притисоци, самостојно, да ја донесат одлуката кому ќе му го дадат својот глас, порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Куманово.
-Ова е многу сензитивен период за државата, период во кој сите ние, не само декларативно, мора да одработиме суштински во воспоставувањето на услови за фер и демократски избори и да овозможиме граѓаните самостојно, без притисоци, да ја донесат одлуката на престојните избори на 11 декември – рече Спасовски.