Спасовски: МВР е подготвено за да постапи според одлуките на судот

by fokus

„Министерството за внатрешни работи е подготвено да делува врз основа на одлуките на судовите 24 часа и кога ќе ги добие сигурно ќе постапи во однос на нив“, изјави денеска во касарната „Ѓорче Петров“ министерот Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарското прашање што ќе биде преземено во врска на решенијата за притвор на тројца полициски службеници од страна на судот по жалба на СЈО.

Досега 9-мина припадници на МВР се обвинети од СЈО и сите добија судски мерки за одземање пасош и пријавување во суд до притвор. Меѓу оние кои останаа без пасош е и Сашо Мијалков. Тој иако е обвинет уште користи обезбедување од државата, а обезбедување има и поранешниот директор на Бирото за за јавна безбедност Митко Чавков.

 

„Мијалков и Чавков имаат решение за полициско обезбедување од четири, односно шест полициски службеници во времетраење направено врз основа на проценките направени од Управата за безбедност и контраразузнавање“, одговори Спасовски на новинарско прашање.

Поврзани новости