499
МВР нема обврска да знае каде се граѓаните на државата во кој било момент, освен ако има налог од надлежен обвинител или надлежен суд, рече денеска во Прилеп министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарското прашање дали МВР знае каде е специјалната јавна пбвинителка Катица Јанева.
-Ако тргнеме од тој принцип дека МВР треба да знае каде секој се наоѓа во одреден момент, тогаш тоа не е демократска држава. МВР постапува исклучиво според наредби кои ги издаваат надлежниот обвинител или надлежниот суд, рече Спасовски кој присуствуваше на конститутивната седница на Советот за превенција на Прилеп.