Спасовски му врачи дрес на Мојсовски во знак на поддршка на ракометарите

by Fokus

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната промоција на фитнес центарот во ПЦ Ѓорче Петров, оствари средба со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски. За време на средбата, Спасовски на Мојсовски му врачи дрес од македонската ракометна репрезентација, со негов потпис, во знак на заедништво и поддршка за македонските репрезентативци на претстојното Светско ракометно првенство што се одржува во Шведска и Полска.

-Голема чест ми е на македонските ракометни амбасадори да им ја пренесам пораката од свое и од име на македонскиот народ, преку директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски, кој во Краков, Полска, ќе ги бодри црвено-жолтите од трибините на претстојното Светско првенство во ракомет.
Срцето на нацијата чука силно за вас, ЗАЕДНО сме со вас! За игра со срце, во еден пулс, заедно навиваме! Напред во победи!, наведе министерот Спасовски на својот фејсбук профил.

Поврзани новости