Спасовски: Мое Куманово останува бастион на прогресот – избрано ново раководство општинската организација

by fokus

Општинската организација на СДСМ Куманово избра ново раководство во присуство на лидерот на партијата и премиер, Димитар Ковачевски, генералниот секретар, Миле Зечевиќ и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски кој е член на највисоките партиски тела.

За претседател на општинската организација е избран Александар Арсиќ, а избран е и нов состав на Извршниот и Надзорниот одбор на општинската организација.

-Вечерва, на мое големо задоволство, во присуство на највисокото централно партиско раководство на СДСМ, во мое Куманово на Изборна Конференција на ОО СДСМ Куманово, со апсолутна поддршка од делегатите беше избрано ново раководство. Во оваа прилика му честитам на претседателот Александар Арсиќ, како и на новиот состав на извршниот и надзорниот одбор на општинската организација. На мои кумановци им посакувам многу успеси, јас сум тука за секој еден кој ја негува социјалдемократската идеологија. Заедно продолжуваме – мое Куманово било и ќе биде бастион на прогресот, на македонската социјалдемократија!, напиша синоќа Спасовски на Фејсбук.

Арсиќ е назначен за нов претседател општинската организација на СДСМ Куманово, откако Александар Тушевски си поднесе оставка на фукнкцијата. Арсиќ досега извршувал повеќе партиски функции, беше претседател и советник во Советот на Општина Куманово, член на ИО, а сега е член на ЦО на СДСМ и вработен во Нома – гас Скопје.

Поврзани новости