Спасовски: Многу скоро ќе заврши истрагата за лажните дојави за бомби и ќе излеземе со информации

by Fokus

„Постојат многу факти во истрагата за лажните дојави за бомби кои се утврдуваат. Зошто во Скопје, зошто прво во ЈСП, па во средните училишта? Сите информации и заклучоци ќе ги кажаме кога ќе заврши истрагата и ќе имаме реализација, што ќе биде за многу брзо“ изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека важно е да се сочува мирниот пристап на сите и покрај вознемиреноста и несигурноста и повика да не се политизира овој случај.

„Ваквите напади не се изолиран случај само во Северна Македонија. Вакви напади има и во САД и во други земји-членки на НАТО и ЕУ“ рече Спасовски.

Поврзани новости