Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изјави денеска дека нема ништо контроверзно во тоа што Џезаир Шакири, т.н. командант Хоџа, е поставен за советник за безбедност на премиерот.
-Ако погледнеме подлабоко многу контрадикторни имиња ја водат Република Македонија и учествува во политичкиот и општествен живот од 2002 година до денес. Прашање е што е тука контроверзно. Ако имавме состојба на воен конфлит, предизвикана пред се од тоа што немавме доволно сенс за интеграција на сите граѓани во општеството, тогаш треба да бидеме прагматични при носење на одлуките, а при вакви услови прагматичноста е многу важна за подобрување на сите аспекти од општественото живеење – рече Спасовски.
Тој додаде дека Владата, а не министертвото ќе одлучува до кои документи ќе има пристап советникот.