Спасовски: Мерките кои ги носи Владата не се детерминирани од верските празници

by fokus

На денешната владина седница ќе се разгледува предлогот за релаксација на мерките после првомајските празници односно за скратување на полицискиот час кој во работните денови би почнал од 19 часот и би траел до 05 часот следниот ден, истакна премиерот Оливер Спасовски во интервју за Утрински брифинг.

-За да им се даде и поголема временска рамка за движење на лицата на возраст од 67 години од 05 часот наутро до 12 часот попладне, додека младите до 18 години да можат да се движат од 13 до 19 часот, додаде Спасовски.

Тој потенцира дека ова се предлози кои стигнале од Комисијата за заразни болести, имајќи предвид неколку парамети, а тоа е бројот на новозаболени, бројот на излекувани, старосната група, структура на оние кои се носители на болеста и сето тоа, подвлече, се земало предвид кога се предложени да се рагледаат ваквите одлуки.

– Овие одлуки кои ќе се донесат на Влада апсолутно не се детерминирани ниту од какви било верски празници, ниту од какви било залагања на еден или на друг. Ако ги носевме мерките само заради тоа што некој предложил да се носи таква мерка или само заради тоа што им се допаѓа на одредена група на луѓе тогаш тоа не се сериозни мерки, што ќе дадат резултати, рече Спасовски, додавајќи дека од самиот почеток нагласил дека мерки не се посакувани од кој било од Владата, туку се мерки што мора да бидат донесени со цел да се заштити животот и здравјето на граѓаните.

Поврзани новости