Спасовски-Мектиќ: Македонија и БиХ да потпишат договор за патување со лични карти

by Fokus

Министерот за внатрешни работи на Македонија, Оливер Спасовски и министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Драган Мектиќ денеска разговарале за можност за потпишување на договор меѓу двете земји за патување со лични карти за граѓаните.

– Министрите, исто така ја потврдија и подготвеноста на двете страни за потпишување на договор за взаемно признавање на возачките дозволи, кое е договорено за средината на септември годинава, кога ќе се реализира наредната посета на министерот Спасовски во Босна и Херцеговина – се наведува во соопштението на МВР.

Поврзани новости