510
Првиот човек на Владата, Оливер Спасовски смета дека предвремените парламентарни избори се фер и демократски.
Притоа тој додаде дека нашата држава уште еднаш на дело ги покажала европските вредности.
„Нашата држава покажа дека е заслужено членка на НАТО и е заслужено пред почеток на преговорите со ЕУ.
Како народ, како Влада и како држава, покажавме уште еднаш, европски вредности – на дело.
Овие, кристално чисти, фер и демократски избори се уште еден доказ, дека кога има демократска политичка определба и кога има демократска организација, има и чисти демократски резултати, одраз исклучиво на слободно изразената граѓанска волја“, рече Спасовски.