809
На денешната интерпелација за министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, токму Спасовски говореше за успесите на МВР во изминатиот период.
Како што истакна тој, додека е на чело на оваа институција, решени се многу криминални настани, но и вложено е во подобрување на условите за полициските службеници.
„Криминалот не може да се реши преку ноќ. Сега додека говориме, колегите апсат луѓе поради криумчарење на мигранти. Работиме за создавање на систем за мотивација на овие служби. Прашајте во Прилеп колку значи апсењето на уличните продавачи на дрога. Реновиравме многу објекти, ги направивме супер-модерни. Се уапсија многу криминалци и ништо не е прикриено“, рече Спасовски.