Спасовски контра Пендаровски за личните карти: Сега е време на избори, но не треба да бидеме под наплив на емоции

by Fokus

По изјавата на претседателот на државата Стево Пендаровски дека Владата е таа која треба да побара пролонгирање на рокот за патните исправи, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека апсолутно не е така и оцени дека сега е време на избори, но не треба да бидеме под наплив на емоции.

-Сега е време на избори и секој цени дека треба да даде соодветни изјави. Јас не би навлегувал во никакви конфронтации. Роковите не се утврдуваат на Влада, туку со закон. Самиот факт што го изнесе и претседателот, дека има потреба да се промени Законот за лични карти за да се продолжи рокот, апсолутно не е така, бидејќи Законот не бил воопшто никогаш сменет за да може да се продолжува рокот. Мислам дека не треба да бидеме под наплив на некакви емоции во овој момент кои ќе придонесат да се креира дополнителен проблем, рече вечерва министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, коментирајќи ја изјавата на шефот на државата Стево Пендаровски на телевизија 21.

Спасовски објасни дека Владата не донела одлука затоа што законот за личните карти не е променет и вели дека тие  ќе продолжат да важат и по 12 февруари.

Тој сепак не одговори конкретно за тоа дали се гледа како шеф на државата или пак како лидер на неговата партија СДСМ.

 

Поврзани новости