Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски одговори на прашањето за работата на МВР откако тој е на чело на оваа институција.
Како што вели тој, безбедноста е зголемена, а опозицијата шири лажни вести со цел да се создаде фама кај јавноста.
„Безбедноста се зголеми кога бандидите од ВМРО-ДПМНЕ заминаа од власт. Од тој момент безбедноста е драстично зголемена. Многу е лесно да излегувате и кажувате лажни вести. За тоа сте експерти. Во 2014 кога на власт е ВМРО-ДПМНЕ, пријавени исчезнати се 554 лица во РМ, а во 2018 година 370 лица пријавени за исчезнати. Има зголемување на кривичните дела и тоа е благодарение на припадниците на ВМРО-ДПМНЕ. Има намалување за 37 осто за убиства во македонија. Фала Богу што не не убивте во Собрание. Тогаш и бројката на убиства ќе беше поголема. Имаме намалување на кривични дела“, истакна Спасовски.