Спасовски ќе ја испита работата на Чулев во МВР

by Fokus

Техничкиот премиер во актуелната Влада, предложен повторно за министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски најави преиспитување на работата на Наќе Чулев, кој беше технички министер за внатрешни работи.

„Од моментот кога Парламентот ќе ја изгласа Владата ќе видам што е направено во овие 9 месеци. Како што водев дијалог и претходно, ќе седнеме и со вработените и синдикатите на разговори. Врвен приоритет е професионална полиција, полиција која ќе служи на граѓаните“, рече техничкиот премиер Спасовски.

Поврзани новости