512
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вечерва во интервју за ТВ 24 изјави дека одговорноста за бегството на Грујевски и Бошковски мора да се бара во носењето на одлуките на судиите, а МВР е само како извршител во сите овие дејствија во кривичната постапка.
-Налогот за приведување го добивме во 21 часот и веднаш излеговме на терен. Ние претходно бевме поготвени да делуваме. Каде патувале налозите од 17 до 21 часот?, праша Спасовски.