1.7K
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска порача дека ќе се сочекаат сите аргументи за инцидентот во Битола со Ромите, па потоа ќе се носи суд за таквиот настан.
„Како и секој граѓанин, така и јас ја видов снимката. Но, да ги сочекаме фактите, за потоа да носиме суд за таквите настани. Постапката е во истрага. Јас не оправдувам никакво насилство и тие што не ги почитуваат законите, ќе сносат одговорност. Напад на полицаец е напад на државата. Ние треба да ја штитиме македонската полиција, затоа што секогаш бараме помош од нив“, истакна Спасовски.