МВР во координација со Амбасадата на САД спроведе тактичка вежба „Лебед 2023”, што министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ја гледа како уште една потврда за меѓусебното пријателство и партнерство, така и за придонесот на Република Северна Македонија во најмоќната политичко-безбедносна НАТО Алијанса.
„Силно ја цениме поддршката која нашиот главен стратешки партнер Соединетите Американски Држави ни ја даваат преку Амбасадата на САД во сите процеси кои значат безбедна и напредна држава, особено во евроинтегративните процеси“, порача Спасовски.
Пријателството со САД е гаранција за стабилноста на нашата држава, но и на регионот, смета министерот за внатрешни работи.
„Дотолку повеќе што рефлектира и на засилената економска соработка и големиот интерес за инвестирање во земјава. Благодарност до амбасадорката на САД Анџела Агелер, за континуираната поддршка во меѓусебната соработка, за која уверувам дека продолжува со ист интезитет“, Изјави спасовски.