474
Како „чиста глупост“ ги искоментира министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изјавите на Христијан Пендиков, секретарот на здружението „Цар Борис Трети“ од Охрид, во интервјуто за БТВ.
Таму тој изјави дека Бугарите се плашат дека во Македонија може да бидат стрелани и никој да не ги заштити.
– Не може 30 години да живеете во една држава и никој ништо да не ви рекол и сега одеднаш да речете дека државата не ви ги почитува правата. Тоа не е реално, не е факт. Насилство не смее да има во никој случај за ниту една причина, рече Спасовски.