Спасовски: Изборните рокови мора да продолжат кога ќе престане вонредната состојба

by fokus

Премиерот Оливер Спасовски посочува дека имал средба со хрватската амбасадорка Нивес Тигањ, околу преговорите на Македонија со ЕУ.

-За да не ги доведеме во прашање преговарачката рамка и меѓувладината конференција со ЕУ, изборните рокови мора да продолжат во моментот кога ќе престане вонредната состојба.

На средбата со хрватската амбасадорка во нашата земја, Нивес Тигањ, бев информиран дека Хрватска, како уште еден приоритет за време на нејзиното претседавање со ЕУ, доставила допис до Европската Комисија дека во јуни треба да биде поставена преговарачката рамка за Северна Македонија со што ќе се отвори патот за првата меѓувладина конференција која треба да го означи почетокот на преговорите по поглавја за заокружување на процесот за членство на земјата во ЕУ.

Длабокото и долготрајно пријателство меѓу двете земји, како и самитот Западен Балкан и ЕУ Загреб 2020 се уште една потврда дека регионот е составен дел на Европа и геостратешки приоритет за Европска унија, напиша Спасовски на фејсбук.

Поврзани новости