821
Изборите се за спас на државата. Ни треба активно Собрание – домот на демократијата, домот на народните претставници мора да биде активен. Ни треба целосно функционална политичка влада, напиша на својот ФБ профил премиерот Оливер Спасовски.
Тој посочува дека 15 јули е ден за гласање, ден за одлуки и за спас на државата од кризата во која влеговме.
– Петнаесетти јули е ден на кој граѓаните ќе потврдат дека продолжуваме на правиот пат, патот кон развој и напредок, кон економски раст и интеграција. На 15 јули ќе победат политиките на СДСМ, нагласува Спасовски.