692
Истрагата за нелегалните пасоши е проширена, информираше денеска министерот Оливер Спасовски.
-Знаете дека еден дел од истрагата заврши, таму имаме веќе приведени лица на коишто им се изречени првостепени пресуди. Истрагата е проширена, се работи веќе на вториот дел од истрагата, на проширувањето, така што секој еден без разлика дали е на едно или на друго ниво во МВР или надвор во другите институции секако дека ќе носи одговорност. Меѓутоа, за секој еден детал кога ќе бидеме во можност да соопштуваме во јавноста тогаш ќе ги добиете информациите во однос на овој дел, одговори Спасовски на новинарско прашање.