Спасовски: Имате затворени теретани и политичари кои одат во теретани, личната одговорност е значајна!

by Fokus

Овие избори се прилика во која мора да дојде до максимален израз, личната и професионалната одговорност. Да отвориме простор за демократската волја на граѓаните.

Ова денеска го порача премиерот Оливер Спасовски за почетокот на предизборната кампања.

„Многу е значајно граѓаните да бидат во што поголем број на изборите, затоа што тие ги носат одлуките. Важно е и каква ќе ни биде кампањата и какви ќе ни бидат пораките за граѓаните. Имате затворени теретани и имате политичари кои одат во теретани, имате затворени ресторани и има политичари кои одат со одбрано друштво во ресторани. Личната одговорност е многу значајна. Тоа е еден од критериумите за кои ќе не оценат граѓаните“, рече Спасовски.

 

Поврзани новости