Спасовски и МВР немаат право да бараат притвор!

Нема никакви ингеренции како министер и ова не може никако поинаку да се перцепира, освен како директен политички притисок, вели адвокатот Митровски.

by fokus

При денешното одговарање на новинарски прашања во врска со палењето на Клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола, внимание привлече изјавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР бара притвор за осомничениот Ламбе Алабаковски.

Имено, притвор може да бара Обвинителството, а не и Министерството за внатрешни работи.

Адвокатот Јанаки Митровски за „Фокус“ појаснува дека Спасовски треба да биде километри одалечен од помислата да бара притвор.

Нема никакви ингеренции како министер и ова не може никако поинаку да се перцепира, освен како директен политички притисок, вели Митровски.

Предметот за Алабаковски не се процесира во редовна, туку во итна постапка. Митровски објаснува дека постапката е итна кога обвинителот одлучил дека пред судија на претходна постапка ќе предложи мерки за обезбедување на присуството на Алабаковски во текот на целата постапка и тие варираат од обврска да се јавува во судот повремено до притвор.

Се користи кога обвинителот ќе процени дека осомничениот може да бега или да се крие, да ја попречува или влијае на истрагата и сведоците и да го повтори делот. Така е во книгите, праксата покажува дека во овој дел од постапката обвинителот е доминантен, вели Митровски.

К.С.Б.

 

Поврзани новости