Спасовски: Граѓаните нема да бидат казнети ниту да трпат во остварување на правата, ако навреме не ги сменат личните документи

by Fokus

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека гражаните нема да бидат казнети ако до февруари 2024 година не ги заменат личните документи, согласно договорот со Грција, според кој во нив треба да стои името Република Северна Македонија.

Тој во одговор на новинарско прашање околу тоа дека нема термини за промена на личните документи, рече дека доколку се почитуваат термините и не се бара вадење документи од денес за утре – сите ќе имаат лични карти, пасоши и возачки дозволи навреме.

Според него динамиката на замена на личните документо е добра и наредните денови ќе излезат со предлози за релаксирање на системот.

„Ќе имаме деновиве некои промени кои ќе го релаксираат целиот овој систем. Ако погледнеме досега скоро милион граѓани ги смениле своите документи, Значи динамиката е добра и секако со една добра организација ќе може успешно да заврши целиот процес.  Нема да има никаков проблем во поглед на остварување на правата. Сметам дека според оваа динамика која ја имаме ќе се успее успешно да се завршат сите тие промени на личните документи. Во ниту еден момент нема да стане збор за казнување на граѓаните тоа нема да го направиме, ниту да трпат во остварување на своите права“, изјави Спасовски.

Во 2018 година тогашниот премиерот Зоран Заев изјави: „Личните документи нема да се менуваат се додека не им истече важноста, доколку Македонија и Грција ги ратификуваат договорите“.

Поврзани новости