Денеска се одбележуваат 117 години од загинувањето на револуционерот Гоце Делчев, а премиерот Оливер Спасовски преку својот профил на Фејсбук порача дека Делчев со своето дело обединува, пошироко и од државата.
„Гоце Делчев е светлото име кое ја означува нашата борба за слободна и за независна Македонија. Гоце Делчев е нашиот голем учител, нашиот пожртвуван револуционер, нашиот патоказ кон иднината.
Го продолжуваме делото на нашиот великан Гоце Делчев! Гоце Делчев е светлото име кое ја означува нашата борба за…
Publiée par Oliver Spasovski sur Lundi 4 mai 2020
Како што истакнува Пејо Јаворов, соборец на Делчев и негов прв биограф, „македонскиот народ го гледаше во неговото лице најблискиот, најверниот, најсаканиот свој учител, пријател и син“.
Со својата мисла и дело Гоце Делчев е личност која сплотува и обединува, не само во Македонија, туку и пошироко. Не само во минатото, туку и денес во современа Северна Македонија и пошироко“, се вели во објавата на Спасовски.