Денешните протести во врска со отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид заврши без посебни нарушувања на јавниот ред и мир и немало никакви обиди за судир со полицијата, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
-Јас го разбирам протестот кој го изразуваат граѓаните како најсилно право да го искажат тоа што го размислуваат. Лично јас, осудувам отворање на таков клуб во Република Северна Македонија, посебно во Охрид. Зошто, заради тоа што ние сме држава која е родена на придобивките на НОБ. Тие придобивки ги чуваме ги негуваме заради тоа што на тој начин ја чуваме државата. Во идеолошка смисла, јас сум следбеник на тие политики и мислам дека е апсолутно неприфатливо да биде промовиран начинот на однесување преку ликови кои биле дел од фашизмот – порача Спасовски.
Запрашан какво влијание ќе имаат актуелните случувања врз безбедносната состојба во државата, министерот Спасовски за Макфакс рече дека не може да има сериозни нарушувања, бидејќи, според него, тоа се маргинални групи.