Ги добивме одговорите од сите три институции, од Комисијата за заразни болести, Државната изборна комисија и ОБСЕ/ОДИХР, кои не информираат дека очекуваат датум за избори и на основа на тоа да започнат подготовки, објави денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски.
– Комисијата за заразни болести даде извештај, стручно мислење, протокол за тоа како и на кој начин може да се одржуваат изборите, какви би биле тенденциите во однос на развојот на болеста.
– Државната изборна комисија информираше за роковите коишто се потребни за спроведување на изборните дејствија.
– Во писмото од ОБСЕ/ОДИХР нè информираат дека очекуваат датум за избори и на основа на датумот да ги започнат сите подготовки за испраќањето на мисијата за набљудување на изборите, објави денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил.