Спасовски: ЕУ ќе допринесе секој граѓанин да се чувствува свој на своето

by Fokus

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во гостување во Дневникот на Сител ТВ кажа дека пред се граѓаните ќе бидат во придобивка од членството во Европската унија, а потоа и Министерството за внатрешни работи.

– Важно е низ процесот на преговарање, низ воведувањето на таквите вредности коишто се европски кои сите ние ги посакуваме да дојде до промена или јакнење на јавната свест и нашето размислување да биде токму во тој правец на европски вредности, европски идеали кои се базираат на демократски општества, кои се базираат на една солидарност, на слобода итн. Тоа е нешто што е потребно за секој еден граѓанин да се чувствува свој на своето овде во нашата Северна Македонија, додава Спасовски.

Поврзани новости