Единството на СДСМ Куманово е цврсто и подготвено за нови победи, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и член на централниот одбор на СДСМ на вчерашната трибина на локалниот огранок во Куманово.
На трибината покрај Спасовски се обратија и пратениците од редовите на СДСМ, Лидија Тасевска и Мартин Костовски, како и претседателот на општинската организација на СДСМ Куманово, Александар Тушевски.
-Единството е цврсто и подготвено за нови победи. Не се губи единство на лични интереси, туку на идеологија а ние немаме идеолошка поделба, а оние кои се борат за лични интереси не победуваат – вели Спасовски.
Тој испрати порака дека идејата е силна и се базира на аргументи за остварените резултати во државата и градот.
-Со крената глава сме и храбро кажуваме дека направивме многу како власт за граѓаните и државата и затоа сме непобитни. Нам не ни ги конфискуваат имотите и раководството не е во затвор. Ние зборуваме за реализирани проекти, за милиони вложени во кумановскиот регион како Влада – вели Спасовски.
На последните локални избори, во Куманово победи Максим Димитриевски како незасивен кандидат, откако се разиде до СДСМ.