Спасовски: Еден од толпата ни помогна и рече „нема да дозволам ниеден Македонец да умре“

by fokus

Речиси по дванаесет часа судење во Кривичниот суд Скопје 1, е во тек сведочењето на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој пред Судот детално раскажува што видел тој на 27 април во Собранието, пренесе порталот НОВА ТВ. 

Спасовски на прашање на обвинителството уште кажа дека е изненаден и вчудоневиден, дека никој од полицијата не реагирал, затоа што како што им било кажано на обезбедувањето на Спасовски немале наредба да постапуваат.

Спасовски пред Судот раскажа дека единствени кои притчале во помош се пратеникот Влатко Ѓорчев и уште неколкумина луѓе кои ги повикал тој.

– Ѓорчев застана пред насилниците, почна да ги смирува, побара дел од нив да застанат да не бранат. Еден од присутните со Ѓорчев ни даде половина од црна маица за да може да го запреме крварењето добиено од повредите на пратеникот Љупчо Николовски. Другата половина му ја дадов на Заев зошто тој човек ми рече – нема да дозволам како патриот ниеден Македонец да умре. Ѓорчев ги повикуваше по телефон и другите пратеници на ВМРО ДПМНЕ, но никој од нив не дојде да ни помогне. Подоцна само Никола Тодоров дојде и викна Брза помош – сведочеше Спасовски.

 

Поврзани новости