531
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил објави фотографии на кои дува свеќи на торта за својот роденен. Неговиот тим му приредил изненадување за 46-годишниот роденден во макдонската амбасада во Берлин.
-Благодарност за изненадувањето од страна на мојот тим и од македонската амбасада во Берлин. Ви благодарам на сите за искрените честитки. Да сте живи и здрави!, објави Спасовски.
Спосовски денеска ја предводеше делегација од Министерството за внатрешни работи која во Берлин, Сојузна Република Германија, учествуваше на Состанокот на министри одговорни за внатрешна безбедност и миграција од земјите учеснички во Берлинскиот процес, и имаше обраќања на сите три сесии.