Спасовски: Добро е пратениците да се вратат на работа!

by Fokus

Премиерот Оливер Спасовски ја поддржа иницијативата на СДСМ за свикување на Собранието со цел да одржи седница за да ги потврди одлуките на претседателот на државата за воведување вонредна состојба поради Ковид-19.

Спасовски во „Утрински брифинг“ го повтори ставот дека е добро да функционира Парламентот и пратениците да бидат на своите задачи во Собранието

-Јас го кажав мојот став неколку пати досега. Се уште сметам дека Собранието може да се состане заради тоа и според Изборниот законик и според Законот за Собранието, пратениците имаат мандат се до изборот на новите пратеници. Ние како техничка Влада посакувавме да имаме Законодавен дом којшто ќе функционира. Ние се наоѓавме во состојба на распишани избори, немаме Парламент, ни се случи здравствената криза. Едноставно сметавме дека е добро да функционира Парламентот и пратениците да бидат на своите задачи во Собранието, рече Спасовски.

Поврзани новости