Спасовски: Да се изнајде добро решение и Синичини да добие вода за пиење

by fokus

Премиерот Оливер Спасовски апелира низ дијалог во населените места во Општина Боговиње се изнајде заедничко добро решение за сите и граѓаните на Синичани да добијат што е можно побрзо вода за пиење.

За мене, наведува во објава на Фејсбук премиерот, единствено што е важно е да се постапува по закон и Устав, да не се дозволи да имаме анархија и постапување вон законските прописи.

-Нашите граѓани, од Општина Боговиње, јас ги почитувам, ги поддржувам и многу е важно да имаме решение на нивниот проблем, коешто ќе дојде низ законски рамки. Апелирам низ дијалог во населените места во Општина Боговиње се изнајде заедничко добро решение за сите и граѓаните на Синичани да добијат што е можно побрзо вода за пиење, напиша премиерот Спасовски на својот ФБ профил.

Истовремено во објавата демантира дека со обвинителката Лејла Кадриу водел разговор поврзан со граѓаните на Синичане.

Тој вели дека обвинителката, која постапува по случајот,  му се јавила, но оти во тој разговор воопшто не станало збор за граѓаните, туку, како што вели, само и посочил дека нема потреба да го бара оти има јавен обвинител на РСМ и оти со него треба да се разговара.

Полицијата по добиени сознанија околу активностите за изградба на водоснабителен систем во тетовското село Синичане вчера излегла на лице место на терен при што се прибавени податоци и информации и до Основното јавно обвинителство Тетово е поднесено известување за сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Поврзани новости