Спасовски: Да престане пропагандистичката злоупотреба на семејствата на бранителите

by fokus

-Ве уверувам дека Министерството за внатрешни работи и јас како министер секогаш ќе бидеме тука за да им помогнеме на семејствата на овие големи луѓе. Особено затоа што сме свесни за фактот дека овие семејства се соочуваат со сериозни животни проблеми, какви што се невработеноста и беспарицата и покрај фактот што сите ние сме практично нивни должници. Институциите мора да ја прекинат праксата на декларативно и пропагандистичко злоупотребување на нивните судбини и суштински да им помогнат на овие семејства – рече министерот Оливер Спасовски на отворање на фудбалскиот турнир во чест на загинатите бранители.

Тој потсети на фактот дека некои од овие семејства се уште водат судски спорови со државата, што е несфатливо и недозволиво.

– Неверојатен е фактот дека наместо помош, семејствата на овие херои се уште се малтретираат по судови, a 14 семејства на загинати бранители сеуште немаат добиено обештетување од државата. Ваквата политика на неодговорните политичари мора да заврши. Наместо судските покани, да им ја дадеме нашата почит и благодарност. Ние сме должни да се грижиме за овие семејства! Должни сме пред нашите херои и тоа мора да го направиме и ќе го направиме, рече министерот Спасовски.

Поврзани новости