783
ВМРО-ДПМНЕ се ефикасни во криминал, корупција, понижување на граѓаните, пљачкање на сопствениот народ, тука нема конкуренција и таква конкуренција нема да имаат, рече потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, на трибината во Куманово. Тој додаде дека Белата палата останува да сведочи за, како што вели, криминалниот и коруптивен период на ВМРО-ДПМНЕ.
-За 10 години власт на ВМРО-ДПМНЕ се изградени 40 градинки во државата, а за 4 години владеење на СДСМ – 59, за 10 години ВМРО-ДПМНЕ реконструираше 74 училишта, СДСМ 80 училишта за 4 години, за 10 години изградија и реконструираа 650 километри магистрални, регионални и автопатишта, ние за 4 години 1.040 километри – истакна Спасовски.